На дербито помеѓу најголемитее кошаркарски ривали кај нас МЗТ Скопје Аеродром со плус 25 го совлада Работнички. Натпреварот заврши 68:93 по четвртини 17:18, 15:30, 18:31 18:14. Работнички беше рамноправен противник само во првата четвртина, потоа МЗТ Скопје како на тренинг постигнуваше поени па во втората и третата четвртина направи голема разлика. Највисоката предност МЗТ Скопје ја имаше на почетокот на последната четвртина со 30 поени предност по што темпото на игра кај актуелниот шампион се намали. Ова е трет пораз во серија за избраниците на Димитар Мираковски што покажува дека тимот е во играчка криза.