Поради скандалот со допинг на руските спортисти светската анти допинг агенција WADA ја разгледуваше можноста да им се забрани на руските спортисти да настапуваат на меѓународна сцена како и да и се забрани на Русија да организира меѓународни натпреварувања. По ова Руската спортска јавност стравува дека може Русија да го изгуби правото на настап на Еуро 2020 како и да не се одиграат предвидените 4 натпревари од ова првенство во Санкт Петерсбург, Русија. Поранешниот потпретседател на УЕФА Вјачеслав Колошков изјави дека тоа не би требало да се случи.
Дали постои шанса руската фудбалска репрезентација да го загуби правото да игра на ЕВРО 2020? Искрено, ова прашање е реторичко. Одлуката која ВАДА ќе ја донесе на 9 декември нема никаква врска со фудбалот. ФИФА и УЕФА имаат сопствени здравствени и антидопинг комисии и лаборатории. И двете организации имаат комплетна документација за нашите фудбалери. Според правилата, допинг тестовите се задолжителни за секој натпревар кој е во органзација на УЕФА или ФИФА – вели Колошков.