ЅВЕЗДА ТОРПЕДИРАНА ОД БАЕРН ТОТЕНХЕМ НЕ ДОЗВОЛИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Се одиграа денешните мечеви од петото коло во Лигата на Шампиони во фудбал. Во Белград Црвена Ѕвезда беше торпедирана од Баерн Минхен 0:6. Домашните фудбалери влегоа со ентузијазам во овој натпревар мислејќи дека можат да бидат рамноправен противник на овој дуел но тоа се случи само во првото полувреме кое заврши 0:1. Во вториот дел Ѕвезда прими дури 5 голови. Левандовски беше незапирлив во второто полувреме постигнувајќи 4 голови. На дуелот во Лондон Олимпијакос не успеа да задржи водство од 0:2. Олимпијакос поведе со голоовите на Ел Араби во 6 минута и Семедо во 19 минута. Деле Али во судиското продолжение во 46 минута по голем пропуст на одбраната на Олимпијакос намали за 1:2 на полувреме. Во Второто полувреме Тотенхем постигнувајќи 3 голови направи пресврт за конечни 4:2.

  1. Галата Сарај- Клуб Бриж 1:1
  2. Локомотив Москва – Баерн Леверкузен 0:2
  3. Аталанта – Динамо Загреб 2:0
  4. Црвена Ѕвезда – Баерн Минхен 0:6
  5. Јувентус – Атлетико Мадрид 1:0
  6. Манчестер Сити – Шахтар 1:1
  7. Реал Мадрид – ПСЖ 2:2
  8. ТОтенхем – Олимпијакос 4:2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *