МОМЧЕТО ШТО ДОДАВА ТОПКИ АСИСТИРАШЕ ЗА ГОЛ НА ТОТЕНХЕМ

На вчерашниот меч во Лигата на Шампиони помеѓу Тотенхем и Олимпијакос (4:2) еден од четирите погодоци на Тотенхем беше по заслуга на момчето што додава топки. Тој изреагира брзо следејќи ја акцијата и благодарение на неговиот осет во продолжение на акцијата Тотенхем постигна гол.

„Сакам интелигентни деца кои се задолжени за топките како што бев јас како помлад. Бев одличен во тоа, како и сега ова дете. Добро ја чита играта, ја разбира и направи важна асистенција. Не е тој тука само да го гледа мечот, тој ја живее играта и ја игра добро. Пробав да го повикам во соблекувалната да прослави со нас, но го немаше“ – Изјави Мурињо по натпреварот.

Мурињо исто така има изјавено – „Луѓето не знаат дека во еден фудбалски клуб секој секој еден детал е многу многу важен“. Понатаму во видеото Мурињо кажува дека и тој порано бил додавач на топки и тогаш ја следел играта и се трудел да му помогне на својот тим.

https://youtu.be/xRylxivOG6I

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *