Јуниорскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром утре ќе го одигра првиот натпревар на полуфиналниот турнир на АБА У19 лигата. МЗТ Скопје е во групата во Задар,заедно со екипите на Задар, Црвена Ѕвезда, Цедевита, Олимпиа, МЗТ Скопје Аеродром, Морнар и Копер Приморска. Првопласитаните екипи од оваа фрупа ќе се сретнат со првите две екипи од групата во Белград, каде се екипите на Партизан, Будуќност, Цибона, Игокеа, Крка и Мега Бемакс. МЗТ СкопјеАеродром е единствена екипа од АБА 2 што се натпреварува на овој јуниорски турнир. Најмногу играчи во тимот на МЗТ Скопје Аеродрон се од редовите на МЗТ Скопје Уни Банка кој се натпреварува во првата лига во Македонското првенство. Во тимот се најдоа: Андреј Андоновски, Никола Арсиќ, Виктор Исајловски, Никола Кацарски, Суад Карталовиќ, Теодор Милевски, Дарио Митевски, Никола Орлов, Виктор Ташоски, Славко Трајковски, Марко Величковски и Љубиша Димитровски.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ЧЕТВРТОК (28 ноември)
МЗТ Скопје Аеродром – Морнар (18 часот)
ПЕТОК (29 ноември)
МЗТ Скопје Аеродром – Задар (11.45 часот)
МЗТ Скопје Аеродром – Ц. Звезда (20.15 часот)
САБОТА (30 ноември)
МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита Олимпија (11.45 часот)
НЕДЕЛА (1 декември)
МЗТ Скопје Аеродром – Копер Приморска (11.45 часот)