СТОИЛОВ СМЕТА ДЕКА ВЕСПРЕМ Е ФАВОРИТ НО ВАРДАР НЕМА ДА СЕ ПРЕДАДЕ

Капитенот на Вардар Стојанче Стоилов пред последниот натпревар на Вардар во ракометната Лига на Шампиони изјави дека Веспрем е голем фаворит со оглед на моменталната состојбе на Вардар. Сепак Стоилов ветува дека неговите соиграчи ќе дадат се од себе.

-„Го играме последниот натпревар од оваа фаза. Сите знаеме во која ситуација е Вардар. Имаме големи проблеми со повредени играчи и затоа да не се лажеме, Веспрем е голем фаворит на ова дерби. Нам ни останува да се бориме за секоја топка, а да бидам искрен верувам дека сите ракометари ќе го направат тоа“, изјави Стоилов.

Натпреварот Вардар Веспрем се игра во Недела 1 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 17:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *