Милко Ѓуровски е поранешен репрезентативец на Југославија и самостојна Македонија. Тој во својата кариера настапуваше за повеќе клубови како Црвена Ѕвезда, Партизан, Гронинген, Ним. Најголемо внимание Ѓуровски привлече со неговиот контроверзен трансвер од Црвена Ѕвезда во ривалот Партизан. Ѓуровски за српски „Неделник“ зборуваше за тој период и за тоа дека во Црвена Ѕвезда тој не можел да биде петтата ѕвезда во тимот бидејќи е Македонец.
-Дали е можно да не ме сакаа? Можеби сакаа да ме пуштат, можеби сакаа да ме пуштат во Партизан. Зашто немаше петта ѕвезда на Црвена звезда после Владимир Петровиќ Пижон? Можеби покрај мене не можеа да ја доведат. Црвена звезда е српски клуб. Не може Македонец да биде петта ѕвезда на Црвена звезда. По Пижон имаше празнина, јас заминувам во Партизан, а во Звезда доаѓа Драган Стојковиќ Пикси“ – кажа Ѓуровски.
Милко Ѓуровски истакна и детали околу изведувањето на неговиот трансвер од Црвена Ѕвезда во Партизан.
-Дојдов да отворам сметка, а во Германија требапе да ми ги уплатат парите. Чекав да почне преодниот рок. Во Партизан се плашеа да не останам во Звезда и заминав во Прага за да бидам што подалеку од Белград. Значи во Прага без за да отворам сметка, да ми префрлат пари и потоа да дојдам во Партизан, но тоа беше времето на Шајбер. Преодниот рок се оддолжи па поради тоа заминав на ловиштето на Тито во Осиек. Но, повотрно се одложи преодниот рок по што си реков себе си: Одам во Белград. Дојдов во Црвена звезда за да се поздравам со Џаиќ и Цветковиќ, а присутна беше и секретарката Дара Зец. Тогаш им реков: Дојдов да се поздравам, а Цветковиќ ми одговори: Ајде да се договориме, ќе ги дадеме двојно повеќе пари… но лажни пари. Кога излегував, секретарката Дара плачеше. Луѓето од Партизан не можеа да ме пронајдат, но тогаш си реков, си одам од Звезда. Тоа беше оној натпревар Звезда – Хајдук по чие завршување го фрлив дресот на северната трибина – рече Милко Ѓуровски.