Младинската екипа на МЗТ Скопје Аеродром ја забележа втората победа на турнирот во АБА лигата за играчи У19 кој се игра во Задар, Хрватска. Екипата на МЗТ Скопје го совлада домашниот тим на Задар 80:71. МЗТ Скопје беше подобар противник и ја имаше контролата на играта во поголемиот дел од натпреварот. Најдобри кај МЗТ Скопје беа Дарио Митевски со 17 поени, Никола Кацарски 16, Никола Орлов 13 поени.