ИГРАЧИ НА ОЛИМПИЈАКОС НЕ САКААТ ДА ИГРААТ ЗА ГРЦИЈА НА ОИ

Тројца кошаркари кои ги бранат боите на Олимпијакос Јоргос Принтезис, Антонис Кониарис и Костас Папаниколау не сакаат да играат за репрезентацијата на Олимписките Игри во Токио. Причината за тоа е новиот селектор на Грција Рик Питино. Питино е тренер на Панатинајкос кој моментално е лут ривал на Олимпијакос. Питино неодамна им вети на кошаркарите на Олимпијакос дека нема да седне на клупата на Панатинајкос, но тоа ветување не го одржа, и потпиша договор со Панатинајкос до 2021 година. Питино изјави дека клубското ривалство не треба да биде присутно кога се работи за репрезентацијата.

-„Кога се сретнав со нив, немав никаква понуда за работа. Имам голем респект кон сите грчки екипи, но ривалитетот не треба да биде присутен кога станува збор за репрезентацијата. Ќе составам тим од 12 кошаркари кои ќе дадат се од себе за да победат“-изјави Питино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *