Ракометната јавност е во оќекување на дуелот помеѓу Вардар и Веспрем во ракометната Лига на Шампиони, кој ќе се одигра во недела со почеток од 17:00 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Поранешниот играч на Вардар Дејан Манасков кој сега настапува за Веспрем изјави дека ќе биде тежко да се победи во Скопје.
– “Играме навистина важен меч во Скопје. Вардар загуби неколку натпревари и ќе биде екстра мотивиран. Салата ќе биде преполна и не се сомневам дека ќе има одлична атмосфера за игра. Ние мора да се концентрираме на нашата игра и да дадеме се од себе и ако имаме добар ден, мислам дека можеме и да победиме во Скопје“, изјави Манасков.