ЗОРАН СТЕРЈЕВ ОЧЕКУВА ДА СЕ ВРАТИ СЈАЈОТ НА РАКОМЕТОТ ВО БИТОЛА

По денешниот договор во Општина Битола се одлучи да се спојат двата битолски ракометни брендови Еурофарм Работник и Пелистер АД во еден клуб кој ќе се вика Еурофарм Пелистер. Претседателот на ракометниот клуб Еурофарм Работник Зоран Стерјев изјави дека очекува фузијата со клубот Пелистер ќе донесе успех не само локално туку и во меѓународни рамки, и да го врати сјајот на ракометот во Битола.

– „Во име на РК Еурофарм Работник сакам да го искажам моето задоволство што по долги преговори стигнавме до овој момент. Според некои, долги преговори, но според мене исклучително квалитетни и тоа е најзначајното, во тоа што го правите да внесете квалитет и темелност, а времето некогаш и не е приоритет, кога треба да овозможите иднината да биде светла, особено за нешто што е многу сензитивно за Битола и битолчани, а тоа е ракометот и РК Пелистер.

Идејата потекна од спортски работници и поранешни ракометари кои што сметаа дека платформата на двата сегашни клубови во Битола е основа за да се направи еден поголем исчекор не само на нашите простори, туку и на меѓународен терен. Ние сме уверени во тоа дека ќе биде така и ме радува што целокупниот процес се темелеше на исклучителна транспаретнтност, на чесни идеи, а така и ќе продолжи. Основата на оваа „Платформа за ракометна Битола“ е да се врати сјајот комплетно на битолскиот ракомет и сите да бидеме горди“ – изјави Стерјев за медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *