СЕ ФУЗИРАА БИТОЛСКИТЕ РАКОМЕТНИ КЛУБОВИ ЕУРОФАРМ РАБОТНИК И ПЕЛИСТЕР

Денеска во просториите на општина Битола се потпиша договор со кој се спојуваат двата битолски ракометни клубови рк Еурофарм Работник и рк Пелистер АД. Со спогодбата овие два клуба ќе фукционираат како рк Еурофарм Пелистер кој ќе има повисоки амбиции на меѓународната сцена, а ке функционира и клубот рк Еурофарм Пелистер 2 кој ќе работи со млади играчи. Договорот беше потпишан помеѓу раководството на двата клуба и градоначалничката на Оптина Битола. Клубот ќе има буџет од 1 милион евра годишно. Општина Битола ќе издвои околу 250.000 евра во наредните 5 години а останатите средства ќе се обезбедат од спонзорите.

Фотографија на RK Eurofarm Rabotnik.

-„Утрово во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер. Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола. Двата клуба остануваат да партиципираат како досега, но со далеку поизразени амбиции. Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија“. – стои во соопштението на рк Еурофарм Работник.

Фотографија на RK Eurofarm Rabotnik.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *