ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ

Денеска беше пуштена во употреба новата тартан патека во Градскиот парк во Скопје која ќе можат да ја користат активни спортисти како и рекреативци. Оваа патека е долга 534 метри и има обележани должини. Патеката најмногу ќе им користи на атлетичарите и оние спортисти кои прават кондициони тренинзи. Досега во Скопје фукционираше само атлетската патека на Градскиот Стадион која работи од 08 до 16 часот па атлетичарите не можеа да одржуваат тренинзи попладне. Исто така на стадионот често се случува да се припремаат разни настани и тој да биде затворен за тренирање цел ден. Оваа патека може да биде добра замена за извршување на тренинзи на спортистите.

Фотографија на Град Скопје.

Од денеска на скопјани им ја ставаме на располагање првата тартан патека на јавен простор, во Градскиот парк околу малото езеро. Патеката има кружна форма, долга е 534 метри и ќе послужи вљубениците во трчањето, оние што трчаат на Скопскиот маратон, но и рекреативците, да ја имаат вистинската подлога за нивната активност. Ако има интерес и увидиме дека граѓаните ја користат, Градот Скопје планира ваква кружна патека да направи и околу големото езеро во Градскиот парк. Оваа патека е сместена на многу атрактивна локација, во еден од најживописните делови од паркот. Внимававме граѓаните патеката да можат да ја користат и во текот на ноќните часови, односно, таа е целосно осветлена“ – Изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Фотографија на Град Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *