Македонските кик боксери освоија два бронзени медали на Светското Првенство во кик бокс кое се одржа во Турција. Димитар Ѓоргиев беше многу блиску до повисок пласман но не успеа да се пласира во финалето за што голем удел имаа и судиите. Ѓоргиев загуби од Босанскиот натпреварувач Един Вуцељ 1 – 2.
„Димитар доминираше во сите три рунди и покрај блефирањето на босанскиот репрезентативец. Неколку пати успеа да ги наведе судиите да му дадат „ворнинг“ на Ѓоргиев. Во третат рунда и покрај големата разлика во поени во корист на Димитар, судиите му доделија минус поен, со што му ги земаа поените и противникот прејде во водство. До крај немаше доволно време Ѓоргиев освои поени и да ја сврти борбата во негова корист. Судиите тенденциозно направија Диме на крајот да ја загуби борбата“ изјави тренерот Дејан Митровски – Урко.
Климент Гроздановски во полуфиналниот дуел загуби од Пјотор Випчлан од Полска со резултат 0 – 3. Випчлан е квалитетен борец и двократен светски првак.
„На Климент противникот беше една глава повисок, и е актуелен двократен светски шампион. Во првата рунда добро се дрзеше нашиот репрезентативец и губеше со минимална разлика. Во втората рунда се созема и помина во блага предност и на крајот замина со предност. Во третата рунда искусниот Полјак направи пресинг и успеа да врати дел од поените, но и судиите придонесоа со минус поени на наша штета. Сепак, Полјакот беше подобар и заслужено оди во финале“ – истакна Митровски.
Резултати
-84 кг
Димитар Ѓоргиев – Емануел Смолек (Унгарија) 3-0
Димитар Ѓоргиев –Михаел Голоб (Австрија) 3-0
Димитар Ѓоргиев – Един Вуцељ (БиХ) 1-2
-89 кг
Климент Гроздановски – Али Багирзада (Азербејџан) 3-0
Климент Гроздановски – Ањело Јаноне(Италија)2-1
Климент Гроздановски – Пјотор Випчал (Полска) 0-3