ВАРДАР КАКО ЕСЕНСКИ ПРВАК ГО ЧЕКА ДЕРБИТО ПРОТИВ ШКЕНДИЈА

Вардар стана есенски првак во ПМФЛ откако денес победи на гостувањето против второпласираната екипа Академија Пандев 0:3. Вардар во недела го очекува уште едно големо дерби против Шкендија која сега е на делба на второто место на табелата заедно со А. Пандев. Васоски им честита на сите кои беа дел од овој успех на Вардар до сега, но рече дека треба да се подготвуваат за следниот важен натпревар против Шкендија.

– „Сакам од срце да ја честитам есенската титула на сите оние кои се дел од Вардар, почнувајќи од управата, стручниот штаб, нашиот сопственик и сите вработени во клубот. А секако најголемата честитка оди за играчите и за нашиот дванаесетти играч Комитите. Ние се радуваме, ама не сме еуфорични затоа што в недела не чека дуел со Шкендија“. – изјави Васоски по натпреварот со Академија Пандев на својот фејсбук профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *