Во дербито на дното во АБА Лигата Игокеа загуби важен натпревар на свој терен од Мега Бемакс 69:72. Игокеа каде играат претежно странски играчи, оваа сезона не ги оправдува очекувањата и игра под своето ниво. Оваа сезона Игокеа се засили со тројца Американци и еден Литванец за кои потроши многу пари а очекуваните резултати не стигнаа. Тренерот на Игокеа Драган Бајиќ кој е познат по својот темперамент и кој секогаш бара од играчите да играат со срце не е научен да води ваков тим. Тој даде интересна изјава по натпреварот што ја опишува играта на Игокеа оваа сезона.
-„Ова е група на размазени детишта, се залулале имаат храна и добри пари и само тоа ги интересира“ рече Драган Бајиќ
-„Молчев месец дена но повеќе несакам, што се однесува до нивната професионалност и однос кон играта, тоа го нема никаде. Морав со ваков пристар да им пријдам бидејќи клубот се наоѓа во тешка ситуација. Евидентно е дека до нив не допира ништо, не го почитуваат другарскиот пристап, нив ги интересираат само пари. Неодговорни се и можам да кажам дека во мојата кариера не сум работел со вакви играчи“ изјави Бајиќ

Бајиќ рече дека и тој да е виновник за ситуацијата смета дека со ваков состав клубот не може да функционира. Сепак остава на раководството на клубот да си ја врши работата.
-„Не сум човек кој ќе се предаде но навистина не сум навикнат да водам ваква група на играчи. Нека бидам јас виновникот, но сеуште не сум наишол на ваква група на луѓе. Не знам дали ќе има кратења, за тоа ќе одлучат лиѓето кои го водат клубот, кои обезбедуваат пари, но со ваков пристап на играчите и на нив им е тешко“ – заклучи Бајиќ