ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ СП ВО ФУДБАЛ ЗА НЕПРИЗНАЕНИ ДРЖАВИ

Во период од 30 мај до 7 јуни на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одржи Светско Првенство на држави кои не се признати во Обединетите Нации и не се членки на ФИФА. Ова првенство е организирано од конфедерацијата на непризнаени држави „CONIFA“. Конифа е формирана 2013 година и до сега има организирано 4 вакви првенства. Македонија не припаѓа на овие држави па не е јасно зошто ваков настан ќе се случува овде. Првично овој настан требало да се одржи во Сомалиленд покраина во Сомалија но Сомалиленд се откажал од организацијата па решено е Македонија да биде домакин. За настап на ова првенство ќе се борат 56 држави од кои 16 ќе учествуваат. Засега учество имаат обезбедено: Карпатаља, Западна Сахара Мапуче, Јужна Осетија, Дарфур, Матабелеланд, Кабилиа и Каскадија. На крајот на јануари 2020 година ќе се одржи жрепка во Џерси, каде ќе бидат познати и останатите учесници.

Државите кои се можни учесници на Светското Првенство во Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *