ВИТАМИНКА ВЛОЖУВА ВО КОШАРКАРСКИОТ КЛУБ ВАРДАР

Екипата која најмногу вложува во младите кошаркари КК Вардар ќе соработува со македонскиот бренд „Витаминка Прилеп“. На настапите во младинските категории екипите на Вардар ќе го носат името на популарниот производ на Витаминка, Цевитана, настапувајќи како КК Вардар Цевитана. Кошаркарскиот клуб Вардар години наназад е во врвот на македонската кошарка во сите младински категории. Многу репрезентативци и кошаркари кои оствариле значајни резултати во македонската кошарка своите почетоци ги имале тому во Вардар. Минатата сезона Вардар освои повеќе титули во младинските натпреварувања, беше шампион во категориите: М12, М13 и М16, како второпласиран заврши во категорија М14, а трето место освои во М15. Во последните неколку сезони од Вардар повеќе од 10 млади играчи беа скаутирани и одтидоа во странство.

-„Ова е голема чест, а во исто време и одговорност за нашиот клуб. Компанијата Витаминка ја препозна нашата успешна работа и одлучи да вложи во нас и нашите млади кошаркари. Преку ова спонзорство ќе се обидеме да го подигнеме нивото на тренажниот процес во клубот, а истовремено да ги стимулираме другите дечиња да се занимаваат со овој волшебен спорт. КК Вардар последните години заслужено добиваше награди од Кошаркарската федерација. Минатата сезона имавме огромен успех во младинското државно првенство, каде бевме шампиони во лигите М12, М13, М16, во М14 го освоивме второто, а во М15 третото место. Во секоја младинска репрезентација на Македонија има по неколку наши играчи, а во последните сезони од клубот излегоа повеќе од 10 млади кошаркари кои играат во странство: Шпанија, Италија, Србија и САД. Во нашиот клуб тренираат преку 600 дечиња во машка и женска конкуренција со кои секојдневно работат 15 тренери“- изјави тренерот Никола Донев во интервју за баскетбол.мк.

One thought on “ВИТАМИНКА ВЛОЖУВА ВО КОШАРКАРСКИОТ КЛУБ ВАРДАР

  1. KK Vardar zasluzi vakov moken sponzor bidelki godini nanazad ima najbrojna mladinska skola so najdobri uslovi za razvoj na mladite

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *