ДЕНЕС ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПРЕДНОВОГОДИШЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР ВО „ГАЗИ БАБА“

Денеска со почеток во 10:00 до 20:30 часот за прв пат ќе се одржи меѓународен кошаркарски турнир во општина Гази Баба. Турнирот ќе се игра во спортската сала во основното училиште „Крсте Мисирков“. На овој турнир ќе настапат младинските екипи на: Вардар, МЗТ Скопје Аеродром, Феникс, МВП Скопје, КК Плеј 017 и Пантери Врање. Турнирот е во организација на тренерот Влатко Неделковски и Данило Аџаип, поддржан од Општина Гази Баба. Организаторите се надеваат дека овој настан ќе прерасне во традиција.

Неделковски и „Гази Баба“ го организираат првиот меѓународен кошаркарски турнир

-„Почитувани кошаркари/ки, тренери, клубови и сите останати спортски работници, чест ми е и задоволство да Ве поканам на предновогодишниот кошаркарски турнир “Гази Баба 2019” кој се одржува за прв пат и со сигурност ќе претставува кошаркарски симбол во оваа општина во следните години.

Во соработка со Данило Аџаип (КК МВП Скопје) целиот ентузијазам го претворивме во идеја која наиде на аплауз и поддршка од општина Гази Баба, за целокупна реализација на овој проект.

Изразувам благодарност до сите инволвирани во овој Мини-Баскет проект кои се потрудија и вложија труд овој ден да донесе премногу детски насмевки, забава за сите и афирмирање на кошарката во мојата општина“ -стои во соопшението на Неделковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *