
На истекон на оваа календарска 2019 година, традиционално Град Скопје додели награди на спортистите кои имаа најзабележителни резултати изминатата година. Денеска се организираше свеченост во советот на град Скопје каде беа доделени наградите на најуспешните спортисти на град Скопје за 2019 година. Беа доделени награди во повеќе категории, Стојанче Стоилов беше прогласен за најуспешен спортист во машка конкуренција додека каратистката Сара Радичевска беше прогласена за најуспешен спортист во женска конкуренција. Беа доделени и награди за најуспени спортисти во младински категории, за најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа, најуспешен странец кој настапува во македонски клуб и за најуспешен спортист во категорија на лица со посебни потреби. Овие признанија се значајни за поттикнување на мотивацијата на спортистите, но прашање е колку Град Скопје направи за поттикнување и градење на нивниот успех, и колку градот е заслужен за нивните резултати.

Најуспешни 5 спортисти во машка сениорска категорија
1.Стојанче Стоилов – АД Ракометен клуб Вардар
1 место во Лига на шампиони на Европа и 1 место во СЕХА лига
2.Могамедгаџи Нуров – Боречки клуб Вардар
3 место на светско првенство и освоена олимписка норма за “Токио 2020“
3.Елмедин Сејфулахи – Боречки клуб Лирија
5 то место на европско сениорско првенство
4.Евгениј Поп Ацев – Пливачки клуб Вардар
1 место на светска ранг листа во маратонско пливање;
6 место на светска ранг листа на 10 км – олимписка дисциплина
5.Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол
2 место на Европски Универзитетски Игри

Најуспешни 5 спортистки во женска сениорска категорија
1.Сара Радичевска – Карате клуб Макпетрол
2 место на Европски Универзитетски Игри
2.Анамарија Георгиевска – Таеквондо клуб Бутел
1 место на Балканијада
3.Адријана Поп Арсова – Маратон Клуб Делта
3 место на Балканијада во маратонско трчање
4.Дрита Ислами – Атлетски клуб Работнички
1 место на 400 м. на Европско првенство – 3 лига
5.Сајра Морина – Карате клуб Кеикс
Три први места на ВКФ меѓународни турнири;
1 место на балканскиот турнир Шампионат
Најуспешни 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени)
1.Бесир Алили – Боречки клуб Лирија
1 место на Европско првенство за кадети
2.Петар Спасеновски – Карате клуб Макпетрол
1 место на Европско првенство
3.Филип Додевски – Таеквондо клуб Бутел
1 место на Светско клупско првенство;
3 место на Европско првенство – У 21
4.Ангела Мојсовска – Карате клуб Макпетрол
5 место на Светско првенство – У 21;
3 место на Европски Универзитетски Игри
5.Миа Тодорова – Кикбокс клуб Шампион
3 место на Светско првенство
Категорија најталентиран млад спортист – кадет
1.Александра Симева – Тениски клуб Тенис Парк
Победник на два големи меѓународни турнири
Најуспешен тренер
1.Суфијан Исмаили – Боречки клуб Лирија
1 место на Европско првенство за кадети;
5 место на Европско првенство за сениори
Најуспешна спортска екипа од Скопје
1. АД Ракометен клуб Вардар
1 место во Лига на шампиони на Европа сезона 2018/2019;
1 место во СЕХА Лига
Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје
1.Даинис Криштопанс – АД Ракометен клуб Вардар
1 место Лига на шампиони на Европа;
1 место во СЕХА Лига
Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби
1.Марио Мицковски – Специјална Олимпијада
1 место во пливање – 50 м. слободен стил и 1 место во пливање – 25 м. грбно на Летни олимписки игри на Специјална Олимпијада
Стефан Прентовски – Специјална Олимпијада
1 место во пливање – 50 м. слободен стил на Летни олимписки игри на Специјална Олимпијада
http://mewkid.net/when-is-xuxlya/ – Amoxil Amoxicillin No Prescription mjn.yrxa.sportinfo.mk.fgl.sq http://mewkid.net/when-is-xuxlya/
http://mewkid.net/when-is-xuxlya/ – Amoxicillin Amoxicillin Online etx.jahu.sportinfo.mk.pkj.oo http://mewkid.net/when-is-xuxlya/