Еурофарм Пелистер 2 продолжува да работи со млади играчи

Втората екипа на Еурофарм Пелистер се подготвува за следната натпреварувачка сезона. Денес клубот постигна согласност за продолжување на договорите со четворица свој играчи. Младите битолчани: Симон Мирчевски, Дејан Југовски, Димитар Бардакоски и Христијан Митревски денес официјално потпишаа четиригодишен договор со Еурофарм Пелистер 2.

-„Продолжува екипирањето на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 за сезоната 2020/21. Клубот постигна согласност за продолжување на договорите со талентираните ракометари од Битола. Четворица „бисери“ попладнево ставија потпис на четиригодишен договор со матичниот клуб.

Десните бекови Симон Мирчевски и Дејан Југовски, голманот Димитар Бардакоски и левиот бек Христијан Митревски се дел од младинскиот состав на Фарук Мемиќ. Четворицата денес позираа при потписот со спортскиот директор на клубот Димитар Митревски. Следната сезона се очекува нивни настап во Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата“ – објавија од управата на Еурофарм Пелистер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *