ПОЛ ПОГБА УШТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ИГРА

Проблемите за Пол Погба оваа сезона продолжуваат откако се дозна дека повредата на скочниот зглоб ќе го одалечи од терените уште еден месец. Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскиер не даде многу информации оклу повредата на Погба само на кратко изјави дека Французинот ке отсуствува од терените уште триесетина денови.

„Јас не верувам дека ќе го видиме на теренот пред декември, тој би требало да отсуствува некое време. Потребно му е време за целосно да се опорави, па јас не верувам дека би се вратил. Можеби за мечот со Шефилд Јунајтед после паузата за репрезентативните натпревари. Се работи за повреда на скочниот зглоб, јас не сум доктор но тоа е повреда која треба да зарасне.“ Изјави Солскиер не давајќи повеќе информации околу не играњето на Погба.

Оваа сезона најплатениот играч на Манчестер Јунајтед не игра најдобро. Погба настапи на пет натпревари во Премиер Лигата и еден во Лига Купот притоа не постигна ниеден гол а имаше две асистенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *