СРПСКОТ ГОЛМАН ПОСТИГНА РЕШАВАЧКИ ГОЛ

Футсал репрезентацијата на Србија ја победи репрезентацијата на Франција 5:4 во крајно драматичен натпревар на квалификацскиот меч за светското првенство кое ќе се одржи во септември 2020 година во Литванија. Оваа победа ја донесе српскиот голман Немања Момчиловиќ кој од својата половина го постигна последниот погодок за конечни 5:4. Овој дуел беше одлучувачки во борбата за прво место во групата. Србија беше подобар противник во тек на целиот натпревар водеше со 4:1 но Франција не се откажа и стигна до израмнување 4:4. И кога се мислеше дека тоа ќе биде конечен резултат во последните секунди голманот Момчиловоќ по успешна одбрана постигна гол за конечни 5:4. По овој меч Франција ќе мора да се задоволи со второто место во групата. Жрепката за следниот круг на квалификациите ќе се одржи на 7 ноември во Нион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *