Се работи за клубови од првата ракометна лига кои не добија ваучер од АМС, и клубовите кои настапуваат во втората кошаркарска лига. На нив не им одговара начинот на распределба на средствата од проектот „Спортски ваучер“ бидејќи АМС не одвои средства за нив. Тие најавија дека нема да излезат на терен се додека не се исполнат нивните барања. Исто така во недела на 3.11.2019 ќе одржат мирен протест пред владата на Македонија под мотото „Политиката надвор од спортот“.
„Ракометните и кошаркарските клубови од понискиот ранг на натпреварување го продолжуваат својот бојкот во сениорските и млади категории поради недобиените ваучери од страна на АМС. На 3.11.2019 (недела) во 12 часот своите натпревари ке ги продолжат пред влада во форма на мирен протест под мотото„политиката надвор од спортот“. На протестот ќе земат учество членовите и играчите на сите ракометни и кошаркарски клубови кои не добија ваучер од целата држава. Воедно ги повикуваме сите поддржувачи и љубители на спортот, клубови од највисокиот ранг и представници на ракометната и кошаркарска федерација да ја дадат својата поддршка со активно учество на самиот протест“, беше соопштено од представници на клубовите.