КЕВИН ДУРАНТ ИМА ЖЕЛБА ДА ЗАИГРА ЗА БАРСЕЛОНА

Играчот на Бруклин Нетс и еден од најдобрите кошаркари на денешницата Кевин Дурант е при крај на свијата кариера. Него го мачи незгодна повреда на ахиловата тетива и ќе ја пропушти оваа сезона во НБА лигата. Но тој има договор со Бруклин Нетс до 2023 година кога би можел да го напушти клубот. Дурант изјави дека има желба кариерата да ја заврши во Евролигата поточно во Барселона. Ова Кевин Дурант го соопшти во кулинарската емисија „Колку си гладен“, на која водител е поранешниот негов соиграч Серхе Ибака. Меѓу другото Дурант кажа дека пред крај на својата кариера сака да заигра во Евролигата и тоа за Барселона.

Остварив многу во мојата кариера но сега сакам да видам дали можам да направам уште нешто. Навистина сакам мојата последна сезона да ја одиграм во европа. А каде? Во Барселона. Се работи за втората најквалитетна лига на светот, а и евролигашките натпревари се доста интересни“, рече Кевин Дурант.

Навивачите на Барселона веќе изработија дрес со неговото име во знак на подршка на неговата желба. Тренерот на Барселона Светислав Пешиќ не беше изненаден од желбата на Дурант.

„Дурант знае каква е ситуацијата во кошарката надвор од НБА бидејќи тој повеќе пати играл за Американската репрезентација и има освоено светско првенство 2010 година во Турција. Тоа покажува колку работите се променија последните 5 или 10 години бидејќи порано играчи од тој калибар не ни знаеа дека постои друг вид на кошарка. Сега знаат дека кошарката стана глобален спорт. Што се однесува до Дурант за него ќе има место во нашиот тим но не оваа сезона туку наредната“, изјави Пешиќ за Мундо Депортиво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *