Шкендија на домашен терен славеше против Вардар со минимални 1:0 (2:2) што им овозможи пласман понатаму во борба за купот на Македонија. Но ова дерби како многу пати до сега не помина без неправилности. ФФМ од секогаш покажувала толеранција за ваквите настани кои не одат во прилог за развој на фудбалот во Македонија. Вардарци се пожалија на повеќе пропусти во организацијата како и недозволено однесување на публиката. Тренерот на Врадар Александар Васовски преку фејсбук изнесе сериозни забелешки кои не смеат да се толерираат и да останат не казнети.
„Ова ли е европска Шкендија? Ова е срам за Македонскиот фудбал, на пет опасни ситуации кога одиме во напад се слуша свирче, нашите застануваат мислејќи офсајд… Гачевски торпедиран со камења второ полувреме. Се играше со една топка цел натпревар. Го враќате фудбалот назад со децении, секогаш во Скопје сте дочекани коректно, влакно од глава не ви фали. Срамно и жално…“, напиша Васовски на својот фејсбук профил.
Шкендија повеќе пати изминативе години го прекршува правилникот на ФФМ за организирање натпревари но останувала не казнета или поминувала со минимални санкции, додека ваквите инциденти на друго место кај нас се санкционираат многу по ригорозно. Затоа и не е чудно што вакви не фудбалски сцени се случуваат најчесто таму каде што ФФМ одбегнува да изрече соодветна казна. Доколку ФФМ е уверена дека реагира соодветно на ваквите инциденти и истите неможе да се спречат се наметнува дополнување и измени во дисциплинскиот правилник. Како ќе реагира ФФМ после овој настан и ќе почне ли да работи во интерес на фудбалот во Македонија останува да видиме.