Се одиграа сите натпревари од 5 коло во кошаркарското првенство. Гостивар на домашен терен во одлична кошаркарска атмосвера успеа да дојде до победа на дербито против Кожув 81:71. На овој натпревар подолг период водство имаше Кожув, но при крајот на третата и во последната четвртина Гостивар ја презема иницијативата. Првата четвртина се играше изедначено и заврши 21:22. Во втората четврина Кошув беше подобар и го диктираше темпото па на полувреме се отиде со резултат 35:42. Кожув подолг период во третата четвртина имаше двоцифрена предност и дојде до највисоки плус 13. Но последната четвртина му припадна на Гостивар кој се врати во игра и понесен од својата публика успеа да се избори за победа 81:71. Академија ФМП засилен со двајца нови странски играчи ја забележа првата победа нанесувајки му го на фаворитот Работнички првиот пораз 87:83.
Куманово – Вардар 81:70, Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром 84:89, Академија ФМП – Работнички 87:83, МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 61:69, Гостивар – Кожув 81:71.