На најголемото дерби во СЕХА Лигата се постигнаа неочекувао многу голови. Ракометарите на Вардар го совладаа Мотор Запорожје 44:37 во директниот дуел за првото место во групата А во СЕХА Лигата. На овој натпревар двете екипи тактизираа и им дадоа шанса на помладите играчи. Клучниот момент беше во 39 минута кога Вардар поведе со 28:23 и понатаму само ја одржуваше оваа разлика. Кај Вардар најефикасен беше Дибиров со 11 погодоци, Чупиќ со 9 (7/7 седмерци), Шишкарев 7, Пелко 5, Калараш 4. Голови постигнаа и младите Димитровски 2 и Кукуловски 1, а Кизиќ забележа 5 одбрани. Кај Мотор Запорожје најефикасни беа Стеван Вујовиќ со 12 и Едуард Кравченко со 8 голови. Со оваа победа Вардар го презема првото место на табелата кое води директно во четвртфиналето.
- Вардар 18
- Мотор Запорожје 15
- Војводина 12
- Татрам Прешов 12
- Нексе 6
- Пекинг Спорт Универзитет 0