Најдобрата македонска женска кошаркарска репрезентација денес 19:00 го игра првиот дуел од претквалификациите против Германија на гости. Нашите кошаркарки се веќе адаптирани и одржаа два тренинзи во Нердлингер. Во очекување на мечот тренерон на нашата репрезентација изјави дека атмосверата во тимот е одлична.
Атмосферата помеѓу играчите како и меѓу играчите и стручниот штаб можам да кажам дека е извонредна. Здравствени проблеми, освен оние пред почеток на циклусот немаме така што ќе настапиме со сета сила со која располагаме во моментов. Во Германија сме примени одлично. Одржавме два тренинга, еден синоќа неколку часа откако пристигнавме како и еден утринава за воигрување и за шут. Ги скаутиравме со колегите од стручниот штаб и се подготвувавме да одговориме на нивниот начин на игра. Ние знаеме како треба да одиграме и верувам дека нема да се посрамотиме. За што ќе биде доволна нашата игра, тоа пред време не можеме да знаеме изјави Ѓоровиќ.