Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби на гостувањето од Германија 105:40. Избраничките на Ѓоровиќ беа немоќни да им се спротистават на Германија и беа надиграни во секој сегмент. Македонија беше надскокана под обрачите и имаше 24 скокови додека Германките имаа 66. Кај Македонија најмногу се истакнаа Александра Стојановска со 16 и Нена Трајчевска со 15 поени. Македонија на овој дуел играше видно ослабена без носителките на играта Јелена Антиќ и Ажелика Митрашиновиќ а во составот немаше и натурализирана кошаркарка. Следниот натпревар Македонија го игра по три дена против најголемиот наш конккурент Летонија. Натпреварот се игра во недела на 17 ноември со почеток од 19:00 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“.