Српскиот кошаркар кој настапува за Анадолу Ефес Василије Мициќ одигра феноменален натпревар против Зенит 90:88 во Евролигата. Мициќ овој натпревар го заврши со 24 поени а без ниедно промашување 3/3 за три поени, 4/4 за два и 7/7 од линијата за слободни фрлања. Овој меч помина со многу изненадувања. Ефес во еден момент во третата четвртина водеше со 67:42, но потоа гостите во последната четвртина успеаа да постигнат дури 38 поени и да го донесат натпреварот во егал завршница. Во завршницата главна улога имаше Мициќ. Во последната минута Мициќ загуби топка и им овозможи напад на противниците кои не реализираа, потоа повторно доби топка Мициќ и беше фаулиран за две слободни кои ги погоди за 5 разлика на 8 секунди до крајот. Во следниот напад Понкрашов погоди задоцнета тројка за Зенит за конечни 90:88.