МАКЕДОНСКИТЕ НАДЕЖИ ЗАГУБИЈА ОД ШПАНИЈА

Македонската фудбалска репрезентација У21 загуби на гостувањето против Шпанија 3:0 во квалификацискиот натпревар за Европското Првенство 2021. Македонија беше надиграна во тек на целиот натпревар. Шпанија во 7 минута поведе со голот на Гарсија, во 47 минута зголеми на 2:0 со автогол на Серафимов, а во 87 минута Педроса постигна гол за конечни 3:0. Ова е прв пораз на Македонија во овие квалификации. Ситуацијата во групата е многу комплицирана па во наредните на тпревари Македонија ќе мора да покаже подобра игра за пласман на ЕП. Следниот натпревар Македонија го игра против Фарски Острови.

  1. Шпанија 12
  2. Израел 7
  3. Македонија 7
  4. Казахстан 7
  5. Црна Гора 4
  6. Фарски Острови 0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *