На натпреварот во Евролигата ЦСКА Москва го совлада Фенербахче со убедливи 88:70. По овој натпревар ЦСКА Москва е на втората позиција на табелата а Фенербахче е 15. Со овој пораз Фенербахче ја продолжи лошата серија во Евролигата а тренерот Жељко Обрадовиќ ги загуби нервите.
Кај ЦСКА најефикасни беа Џејмс со 31 поен и Стрелникс со 23, во редовите на Фенербахче Слукас постигна 20 а Вилијамс 19 поени.