Тренерот на Интер Антонио Конте на домашна адреса доби неочекувано писмо во кое имало куршум. Се шпекулира дека тоа писмо е пратено од навивачите на Јувентус на кои не им се допаѓа тоа што Конте кој беше тренер на Јувентус од 2011 до 2014 година сега го води Интер.Интер оваа сезона му е најголем конкурент на Јувентус за освојување на Скудетото. После овој настан италијанската полиција отвори истрага а Конте доби полициско обезбедување.