Македонскиот тренер Емил Рајковиќ е неазначен за нов тренер на кошаркарската репрезентација на Казахстан. Рајкович од 2018 година е тренер на Казахстанскиот клуб Астана, а оваа сезона доби признание за најдобар тренер во регионалната ВТБ Лига. Во ВТБ Лигата се натпреваруваат екипи од Русија, Белорусија, Казахстан, Естонија, Полска и Латвија. После добрите резултати кошаркарската федерација на Казахстанскиот го ангажира Рајковиќ за тренер на репрезентацијата. Казахстан го очекуваат квалификации за Азискиот Куп 2021. Рајковиќ во својата кариера беше тренер на Фени Индустри, Работнички, Мзт Скопје, Сласк Вроцлав и Стал Остров Виелкополски.