Во првиот степен на квалификации за Европско Првенство У19 македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз од соодветната селекција на Англија 5:0. Со ова Англија обезбеди пласман во следната фаза од квалификациите за оласман на ЕП, а Македонија шансата за второто место кое води понатаму ќе ја бара во последниот натпревар од овој циклус против Луксембураг.
- Англија – 6
- Босна и Херцеговина – 4
- Македонија – 1
- Луксембург – 0
Во следното коло кое ќе се одржи на 19 ноември од 13:00 часот ќе се сретнат Македонија – Луксембург и Босна – Англија. Овие натпревари се играат во Скопје, Македонија натпреварот ќе го игра на теренот „Петар Милошевски“ додека Босна и Англија ќе се сретнат на теренот во Ѓорче Петров.