ВАРДАР НЕМОЌЕН ПРОТИВ КИЕЛЦЕ

Актуелниот европски првак Вардар доживеа висок пораз на гостувањето против Киелце 35:25 во ЕХФ Лигата на Шампиони. Оваа сезона Вардар игра далеку послабо од минатата во ЛШ. Во претходниот натпревар помеѓу овие две екипи Вардар успеа да успеа да извлече нерешено но на овој меч Киелце ги анализираше слабостите на Вардар и дојде до убедлива победа. Сепак тренерот на Вардар Едуард Кокшаров се надева дека може да се помине групната фаза во ЛШ.

Петнаесет минути пред крај бевме во егал, но во последните минуити правевме многу грешки. Не заслуживме да изгубиме со оваа разлика. И покрај тоа, се уште имаме шанси да бидеме во горниот дел на табелата. Честитки на киелце за добрата игра рече“, Кокшаров на пресконференцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *