Македонскиот напаѓач Александар Трајковски се повреди на натпреварот против Австрија. Се очекува медицинскиот тим да даде повеќе детали за повредата. Најверојатно Трајковски ќе го пропушти натпреварот со Израел на 19 ноември. На местото на Трајковски во игра влезе Дебитантот Влатко Стојановски кој одлично си ја заврши работата, покажа добра игра и го постигна единствениот гол за Македонија. Се надеваме дека Трајковски брзо ќе се врати на терените.