Македонската фудбалска репрезентација денес загуби од поквалитетната селекција на Австрија 2:1. Селекторот Ангеловски е задоволен од прикажаните игри на Македонија во овие квалификации но има проблем со повредените играчи.
„Третото место сите го посакуваме. По тоа фудбалерите што го прикажаа во квалификациите ќе биде жално да не бидеме трети. Треба да одиграме храбро дома против Израел и да победиме. Се надевам дека овој кошмар за нас ќе заврши, малку ни беа повредените играчи, па Трајковски и Младеновски побараа замени заради иста причина.Препораката за Пандев беше дека подобро е да одмори, бидејќи неговата ситуација можеше да се влоши. Немаше причина да правиме таков ризик. Сите што добија шанси коректно си ја завршија работата“, изјави Ангеловски по натпреварот.