Ракометарите на Еурофарм Работник ја забележаа втората победа во Лигата на Шампиони совладувајки го Савехов 32:31. Со оваа победа Еурофарм покажа дека не е случајно во ЛШ и може да се носи со останатите екипи. На првиот натпревар на овие две екипи Савехов беше поуспешен во неизвесната завршница 25:24. Еурофарм на денешниот натпревар беше доминантен во тек и ја имаше контрола на играта во тек на целиот меч. Во првото полувреме Еурофарм направи серија од 6-0 и се отиде со 18:12 на полувреме. Во второто полувреме Савехов се обидуваше да ја стигне предноста, во еден момет се дојде до 27:27 но со головие на Граџан и Маџовски Еурофарм отиде на плус два. Во финишот беше изедначено, во 58 Савехов возврати за 29:29, до крајот уште два пати резултатот беше израмнет но Еурофарм не дозволи изненадување и со малку среќа дојде до победата. Најефикасни кај Еурофарм беа Остроушко, Јотиќ и Радовиќ со 6 голови а кај Давехов Богојевиќ постигна 9, Бранбергер 6, Карлсон 5.