На пливачкиот меѓународен митинг „Скопје Опен 19“ кој се одржа на 16 и 17 Ноември на базенот „Борис Трајковски“ беа соборени 6 државни рекорди на Македонија. Миа Крстевска постави нов апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 100 метри грбно со време 1:03:36. Миа Блажевска Еминова постави нов младински и кадетски рекорд на Македонија во дисциплината 100 метри слободно со време 56:79, исто така во дисциплината 100м мешано постави нов апсолутен рекорд, младински рекорд и кадетски рекорд на Македонија со време 1:04:15.