ВЕЧЕР НА ГОСТИТЕ ВО ЕВРОЛИГАТА

Денес се одиграа 4 натпревари во Евролигата, на три од нив поуспешни беа гостинските екипи. Црвена Ѕвезда ја забележа првата победа на гости против Жалгирис 59:61. По оваа победа Ѕвезда се изедначи на табелата со Жалгирис на 14 место. Кошаркарите на Анадолу Ефес славеа на гостувањето во Милано 76:81 и го певзема првото место на табелата, но се очекува утрешниот дуел на Барселона против Макаби Тел Авив. Алба Берлин исто така беше изненаден на свој терен од екипата на грчки Олимпијакос 80:99. Валенсија успеа да го победи Химки на домашен терен во неизвесен натпревар 89:84.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *