Косовската и Македонската репрезентација се подготвуваат за дуелот во Лигата на Нации кој ќе се одигра во Март 2020. На ова натпреварување една од овие две репрезентации ќе има можност за прв пат да се пласира на Европско Првенство. Претседателот на Фудбалската Федерација на Косово Агим Адеми го следеше натпреварот Македонија – Израел на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Адеми смета дека Косово има посилна репрезентација и посакува натпреварот против Македонија да се игра во Скопје.
„Заедно со селекторот бевме во Скопје на дуелот меѓу Македонија и Израел, за да го следиме нашиот ривал во полуфиналето на Лигата на нациите. Мечот не беше од голем значај за да се види силата на Македонија, но се работи за тим кој не смее да се потцени. Верувам дека имаме подобар тим од Македонија. Сакаме мечот да се игра во Скопје“ – изјави Адеми.