НАЈГОЛЕМА МИНУТАЖА И НАЈМНОГУ ПОСТИГНАТИ ПОЕНИ ВО МАКЕДОНСКОТО ПРВЕНСТВО ИМААТ СТРАНЦИ

Во најсилното македонско кошаркарско првенство сезонава најзабележителни настапи имаат странските играчи. Според статистиката во првите 5 играчи со најдолга минутажа помината на паркетот нема ниту еден Македонец. Во графата пак за најмногу постигнати поени во најдобрите 5 на првите три места се странски играчи. Овие податоци покажуваат дека во нашето првенство најмногу им се дава шанса на странските играчи. Иако Кошаркарската Федерација најавуваше дека ќе го ограничи бројот на странци во клубовите денес тоа е оставено на милост и немилост на клубовите. Странците претежно се ангажирани во клубовите кои се водечки на табелата и се борат за излез во меѓународните натпреварувања но и послабите клубови го следат нивниот пример. Исто така повеќето клубови кои се финансирани од општините каде што играат, најголем дел од средствата ги трошат на странски играчи, а долги години нема излезено Македонски репрезентативец од нивните редови. Ваквата ситуација во кошаркарското првенство негативно се одразува на националната репрезентација. Додека во домашното првенство играа претежно македонски играчи репрезентацијата учествуваше на Европските Првенства кои тогаш беа со 16 држави, или беше на врвот на табелата во квалификациите кои тогаш беа далеку потешки. Денес Македонија има далеку поквалитетно првенство а репрезентацијата бележи најслаби успеси во својата историја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *