Во квалификациите за Европското Првенство 2021 Македонија е во група со Естонија, Италија и Русија. Најдобрите три репрезентации од групата ќе учествуваат на ЕП 2021. Првиот дуел Македонија ќе го одигра на домашен терен против Естонија на 20 фебруари 2020 година. Овој натпревар е многу важен за нашата селекција бидејќи Естонија може да ни биде најголем конкурент за пласман на Европското Првенство. Следниот натпревар Македонија го игра на гости против Русија три дена подоцна. Следниот круг од овие квалификации се игра во ноември 2020 година. Тогаш Македонија игра на гостински терен против Италија на 27 ноември и против Естонија на 30 ноември. Последните натпревари Македонија ги игра на домашен терен против Русија на 18 Фебруари 2021 и против Италија на 21 Фебруари. Македонија има реални шанси за пласман на Евробаскетот 2021 година во наша полза се и последните два натпревари кои ќе ги одиграме на домашен терен. Првенството ќе се одржи од 17 август до 3 септември 2021 година во 4 држави: Германија, Чешка, Грузија и Италија.