Македонската одбојкарска репрезентација во 2020 година за прв пат ќе учествува на „Златната Европска Лига“. Тоа е највисокиот натпреварувачки ранг во Евроопа. Оваа шанса ни се укажа по добрите резултати на првото Европско Првенство за нас, на кое во септември нашите одбојкари ја совладаа Белорусија и европскииот вицешампион Словенија. Со оглед дека Македонија е на 21 место на ранг-листата на ЦЕВ во мај и во јуни ќе одигра најмалку шест натпревари со квалитетни противници. Најсилни можни противници на Македонија ќе бидат Белгија и Холандија кои се во топ 10 на ЦЕВ листата. Покрај нив ќе учествуваат и Чешка, Турција, Украина, Словачка, Шпанија, Естонија и Португалија, како и Белорусија и Романија кои се послабо рангирани од нас. На Златната Европска Лига ќе учествуваат 12 репрезентации кои ќе бидат поделени во три групи со четири екипи, секој ќе одигра против секого дома и на гостински терен, првото коло треба да се одигра на 23 или на 24 мај а последното шесто коло на 13 или на 14 јуни. Завршниот турнир ќе биде закажан на 20 и на 21 јуни