НА ДЕРБИТО ВАРДАР – ШКЕНДИЈА ЌЕ СЕ ВЛЕГУВА И СО СЕЗОНСКИ БИЛЕТ ЗА РК ВАРДАР

Во најголемото фудбалско дерби за оваа полусезона Вардар ја пречекува Шкендија. Натпреварот се игра во недела на Арената „Тоше Проески“ во Скопје со почеток од 13:00 часот. Со победа на овој дуел Вардар значително ќе се оддалечи на првата позиција на табелата. Вардар моментално има 7 бодови предност пред Шкендија која е на делба на второто место. Управата на Вардар повика на што поголема поддршка од пуликата, за таа цел им се овозможи на фановите кои имаат сезонски билети за ракометниот клуб Вардар да присуствуваат на овој меч. За останатите љубители на фудбалот билети може да се купат пред натпреварот на билетарницата на Арената „Тоше Проески“.

Известувањето на раководството на фк Вардар ви го пренесуваме во целост:

– „Ги известуваме сите љубители на фудбалот, кои поседуваат влезни сезонски билети за РК Вардар, дека може да присуствуваат на натпреварот без никаков надомест. 

Билет за мечот чини 100 денари, и ќе се продава на билетарницата на Арената „Тодор Проески“ пред натпреварот. 

При секое купување на билет, ќе мора да биде покажен документ за лична идентификација (лична карта, пасош). Важи правилото една лична карта – еден билет. 

Со оглед дека натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, нема да биде дозволен влез за гостински симпатизери. 

Воедно, ФК Вардар апелира на фер и коректно навивање од трибините, без извици на национализам и расизам. Да ја прославиме одличната есен онака како што наликува на најтрофеен клуб во нашата земја. Апелираме и оние кои ќе бидат на стадионот, да не носат тврди предмети, затоа што на влезот ќе им бидат одземени.

Да навиваме за најдобриот, за Вардар!“ –

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *