Тренерот на Вардар, Александар Васоски пред натпреварот со Шкендија изјави дека тоа ќе биде тежок натпревар, бидејќи Шкенија е квалитетен ривал а дополнителен проблем за Вардар е повредата на Тошевски. Сепак популарниот Тетовче рече дека Вардар ќе даде се од себе за победа на овој дуел.
-„Глупаво е однапред да ветуваме чиста победа, затоа што Шкендија не е било која екипа, се работи за квалитетен ривал. Единствено нешто што можам да ветам е дека сите ќе го дадеме последниот атом на сила, за да дојдеме до победа. Така, можам да ветам дека ќе дадеме се од себе за да ги израдуваме навивачите, да им го разубавиме јубилејот и да ја зголемиме бодовната разлика на табелата. На овој натпревар голем хендикеп ќе биде отсуството на Тошевски, кој се повреди на дуелот со Академија Пандевв. Но таков е фудбалот. Ќе се обидеме да го дадеме најдоброто, овој тим од меч во меч расте“ – изјави Васоски.