КОМИТИ СО ДЕФИЛЕ ЈА ПРОСЛАВИЈА ЕСЕНСКАТА ТИТУЛА И ГО НАЈАВИЈА ДЕРБИТО СО ШКЕНДИЈА

Навивачката гупа на Вардар „Комити“ денес направија дефиле низ скопските улици за да ја прослават освоената есенска титула и да го најават натпреврот против Шкендија кој се игра во недела од 13:00 часот на Арената Тоше Проески“. Комитите се собраа пред кино „Маџари“ во населбата Маџари од каде со автомобили тргнаа низ Скопје. Рутата на ова дефиле беше Кино Маџари – Железничка Станица – Рекорд – Кружен тек во Ѓорче Петров и заврши пред Нова Македонија. Со ова дефиле Комити повикаа на присуство на натпреварот против Шкендија каде ќе се прослават три љубилеи: 20 години од основањето на подгрупата Лојал Фанс, 10 години братство помеѓу Комити и Војводи Тетово и 5 години од основањето на подгрупата Комити Маџари.

Фотографија на Вардар - фото галерија.
Фотографија на Вардар - фото галерија.
Фотографија на Вардар - фото галерија.
Фотографија на Вардар - фото галерија.
Фотографија на Вардар - фото галерија.
Фотографија на Вардар - фото галерија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *