Во дербито на осумнаесетото коло каде се постигнаа вкупно 22 голови на 5 средби, Вардар и Шкендија одиграа без победник 2:2. На овој нетпревар во фудбалска атмосвера која ретко се гледа во ПМФЛ, Вардар поведе во 29 минута преку Мицевски со гол од пенал, во 35 минута Имери постигна погодок за израмнување, Али Адем по одлично одигран контра напад погоди за повторно водство на Вардар од 2:1 а Имери со својот втор погодок во 65 минута ги постави конечните 2:2. Македонија ЃП победи на гостувањето во Чаир против тимот на Шкупи 2:3. Македонија во првото полувреме имаше водство од 2:0 со головите на Пауло Карваљо, на стартот на второто полувреме Шкупи преку Јусуфи намали на 2:1. Во 62 минута Пауло Карваљо постигна хет трик за водство на Македонија ЃП 3:1, а во судиското надополнување Марин Јурина успеа само да го намали резултатот за конечни Шкупи – Македонија ЃП 2:3. На останатите натпревари Струга и Борец одиграа без победник 1:1, во Тетово во дербити на дното Ренова – Работнички 4:3 а на вчерашниот натпревар Силекс на свој терен ја победи Академија Пандев 3:1.
Табела
- Вардар – 36
- Шкендија – 28
- Академија Пандев – 27
- Силекс – 27
- Македонија ЃП – 2
- Струга Трим Лум – 24
- Шкупи – 22
- Борец – 20
- Ренова – 19
- Работнички – 15